Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров објави список од 35 играчи за квалификациите за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација ја очекуваат квалификациски средби за Европското првенство, а за таа цел предводникот на националниот тим, Кирил Лазаров објави поширок список на играчи на кои ќе смета за битките со Луксембург и Турција.

Како што е познато националниот состав отвара нова страна и веќе на теренот нема да ги гледаме Лазаров, Миркуловски и Стоилов што значи дека сега другите играчи ќе имаат поголема одговорност.

Кога ќе се погледне списокот како „нови“ имиња се двоецот од Валјадолид, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, а тука е и фантастичниот Никола Костески кој блеска во чешки Плзен.

Новиот циклус на квалификации е за ЕП 2024 во Германија, а стартуваме во Скопје со Луксембург на 12 октомври, а потоа гостуваме во Турција на 16 октомври.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни