Лазаров објасни зошто Червар е најдобар тренер во светот: Никогаш нема да заборавиме што направи!

cervar-kiro

Лино Червар пред само два дена излезе со доста провокативна изјава во јавноста алудирајќи на тоа дека Македонија немала да има репрезентација ако тој не беше дел од македонскиот ракомет во изминативе десетина години, став кој секако брзо наиде на бура од реакции и негативни коментари на сметка на поранешниот селектор на „црвено-жолтите“.

Всушност оваа изјава на Червар дојде како одговор на Пепи Манасков кој претходно го „пецна“ искусниот стручњак и му порача дека на стара слава ја преземал хрватската ракометна селекција, а сега по низата на ниски удари, пристигна едно крајна џентлменска изјава од страна на Кирил Лазаров.

Капитенот на нашата репрезентација сигурно е исклучително интересен за сите медиуми по пристигнувањето во Загреб, а во пресрет на почетокот на првенството кое ќе биде отворено со вечерашниот меч меѓу Хрватска и Србија, Кире даде интересна изјава за хрватски „24 сата“.

– Горд сум и пресреќен што Лино беше наш селектор и што со години беше дел од македонскиот ракомет. Тој направи неколку големи работи за нашиот ракомет, поради тоа сите го обожаваме. Низ неговите раце во Металург минаа две генерации на наши ракометари. Се што работеше во Скопје беше одлично и тоа никогаш нема да го заборавиме, – порачува Кире, според кого Хрватска предводена од Лино сигурно ќе стигне до полуфиналето на Европското првенство.

– Фаворити за медали има неколку. Хрватска предводена од Лино сигурно ќе дојде до полуфиналето, а потоа мора да биде онаа вистинската на тие два натпревари. Само немојте да им набивате преголем притисок. Најважно е на првенството да се тргне добро, а потоа тој хрватски воз на Лино тешко ќе се сопре. Червар веќе десетина години е најдобар тренер во светот. Ги простудирува сите работи и не се сомневам дека хрватскиот тим е фантастично подготвен, – завршил Лазаров.

Facebook Коментари