Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Нема простор за паника, имаме јасно поставена цел!

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Литванија од 29:27 во вториот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Во двете полувремиња во Вилнус бевме покуси за еден гол од домаќините (13:12, 16:15), па со учинок 1-1 ќе ги дочекаме следните два натпревари во овој циклус, пресметки против Словенија закажани за месец март 2025 година.

Меѓутоа без разлика на овој неуспех, селекторот Кирил Лазаров смета дека нема простор за паника и имаме реални шанси да ја оствариме целта, пласман на шампионатот во Данска, Шведска и Норвешка.

-Имавме и добри и лоши моменти. Тешко се победува на гости ако не сте доволно добри, денеска сите играат ракомет. Литванците на крајот беа поснаодливи.

-Меѓутоа нема простор за паника. Целта е пласман на ЕП. Сметам дека имаме реални шанси, ќе се обидеме да се корегираме. Недостасуваа браќата Костески и Јагуриноски, па имаме простор за напредок, -порача Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни