Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров: Нема простор за калкулации, но очекувам тежок натпревар

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Кирил Лазаров како предводник на националн тим има обврска да спречи било какво опуштање меѓу неговите репрезентативци, па националниот селектор останува претпазлив и во ситуација кога Македонија влегува како апсолутен фаворит за два бода против Гвинеја.

Македонија утре го игра последниот меч од групната фаза и дефинитивно не би требало да има проблеми против африканската селекција, но Лазаров сепак вели дека очекува тежок натпревар како последица на заморот и големиот труд кој го вложија нашите ракометари на претходните два натпревари.

Исрцрпувачките дуели против Унгарија и Холандија покажаа дека Македонија е на значително повисоко ракометно ниво од пред една година, а потврда за тоа треба да добиеме утре во дуелот со аутсајдерот во групата.

– Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме, да ги сплотиме радовите и да го добиеме натпреварот.

– Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар и утре, – вели Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни