Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија одигра извонредно добар натпревар на отворањето на Светското првенство и уште еднаш покажа дека ужива да се надигрува во Вардаждин, град во кој вечерва воодушевија избраниците на Кирил Лазаров, но и „Фалангата“ која беше присута на трибините.

Нашиот најдобар национален тим одигра егал со фаворизираната Унгарија во текот на сите 60 минути, но на крајот може да жали што не оствари и победа, бидејќи Македонија имаше напад за плус 2 на 35 секунди пред крајот.

Лазаров побара од своите ракометари да изнудат прекршок со цел да се потроши времето, но за жал ја загубивме топката по низа додавања, па на крајот Унгарците се изборија за напад и израмнување на 27:27.

Селекторот Кире остана горд на своите ракометари и покрај завршните случувања, но не пропушти да нагласи дека неискуството вечерва ја оствари Македонија без заслужена победа.

– Игравме против многу силен тим, тактички и физички подготвен, да не заборавиме дека станува збор за селекција која заврши петта на последното Европско првенство. Ние добро ги анализиравме и го покажавме тоа на теренот. Треба да бидеме задоволни од прикажаното, иако слободно може да се каже дека испуштивме чиста победа.

– Неискуството на нашите играчи по тајм-аутот дојде до израз. Побарав да влезат во фаул, но со низа додавање направивме техничка грешка и испушитивме победа. Да влезевме во фаза на прекршок, ќе го завршевме мечот во наша корист. Можеби требаше и порано да свикам тајм-аут, но помислив дека во тој момент е вистинско време да ги повикам ракометарите.

– За крај, горд сум на момците, горд сум на навивачите, на Фалангата, одигравме извонредно против петтата најдобра селекција во Европа. Покажавме како се игра за Македонија, ако се бориме вака и во иднина, резултатите ќе дојдат сами по себе, – изјави Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни