Светски првенства
Лазаров: Не треба да тагуваме, треба да го промениме менталитетот!

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Кирил Лазаров не можеше да биде погорд на своите ракометари после храброто и борбено издание кое го имаа против Унгарија, селекција која заврши петта на последното Европско првенство, а која вчера немаше целосно решение за нашиот национален тим.
Македонија освои голем бод кој сите ќе го потпишеа со две раце пред почетокот на натпреварот, но кога ќе се земе во предвид начинот на кој Унгарците израмнија во последните секунди, секако постои и големо жалење што испуштивме победа.
Селекторот Лазаров во својата прва изјава по натпреварот посочи дека неискуството си го направило своето во клучната акција на 30 секунди пред крајот, но потоа со ладна глава уште еднаш им честиташе на своите ракометари, па сите сили и мисли ги насочи кон следната мисија, односно дуелот со Холандија веќе утре.
– Можеме да жалиме, имавме речиси добиен меч, но слободно можеше да се случи и да го загубиме овој натпревар. Станува збор за една екстра добра репрезентација, а и самите ќе се уверите дека таа ќе расте како што ќе изминува шампионатот. Сакам да им честитам на момците за нивната борбена игра, бевме добри во сите фази на ракометната игра. За да го оствариме тоа што сакаме, ги потрошивме нашите најдобри играчи, па се надеваме дека сега брзо ќе се регенерираме за следниот предизвик
– Познавајќи го искуството од балкансксите натпреварувања, очекувам во петок пред викенд да имаме уште поголема поддршка од македонските навивачи, а тоа ќе донесе мотив плус и дополнителна енергија за нас како национален тим.
– Ова е Светско првенство и сите знаеме каков е ритамот на натпревари. Ние цела наша подготовка ја искористивме за Унгарија, посветивме 85 или 90 проценти на Унгарија, а само 10 проценти на Холандија. Сега со мислите целосно сум насочен на следниот натпревар кој ќе биде многу тежок. Не треба да тагуваме, треба да го промениме менталитетот. И покрај примениот гол, треба да бидеме задоволни од тоа што се случи на натпреварот и полека со главите да се насочуваме кон Холандија, – изјави Лазаров, кој претходно нагласи дека очекува целосно различен натпревар од оној со Унгарија, од едноставна причина што холандскиот тим го игра најбрзиот ракомет во светот.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…