Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Не очекував дека ќе биде толку тешко, националниот дрес тежи многу!

Објавено

на

Македонија ја совлада Естонија со 37:33 и со тоа тргна на посакуван начин во новиот циклус, квалификациите за место на Европското првенство во 2026 година на кое домаќините ќе бида Данска, Шведска и Норвешка.

Естониците ни направи многу проблеми на вечерашниот меч, моравме добро да се испотиме, па и да направиме пресврт во второто полувреме за да дојдеме до посакуваните два бода. Меѓутоа во спортот, ракометот нема фаворити и се мора да се одработи на теренот и доказ за тоа се денешните резултати во квалификациите каде доста фаворизирани селекции се мачеа меѓу кои и Шпанија која едвај ја доби Италија со 31:30.

-Победите треба да се сработат, најтешко ни е нас на предводниците, особено со менталитет како нашиот. Повикав на претпазливост, но не очекував дека ќе биде толку тешко. Естонците покажаа модерен ракомет. Ние можеме и мораме подобро. Пробавме нов тип на игра, а ова е опомена пред неделниот меч со Литванија. Ќе анализираме и ќе се обидеме да бидеме поподготвени, -истакна селекторот Кирил Лазаров

-Дресот на национален тим тежи многу, одговорноста е голема. Убаво е да се игра пред публика, но треба да се носиш со тоа. Задоволен сум од победата и начинот во еден тежок натпревар. Го извлековме натпреварот на квалитет заедно со публиката. Победивме со четири гола разлика и задоволни сме. Литванија е подобра од Естонците, мора да се подготвиме и одиме на победа. Традицијата вели дека немаме победа против нив,  -додаде Лазаров.

Средбата со Литванците во Вилнус е закажана за в недела од 17 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни