Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров: Нашиот „осми играч“ ќе ни донесе два голови предност против Австрија

Објавено

на

Македонија ја исполни целта и се пласираше во втората фаза на Светското ракометно првенство, па иако треба да се почека исходот од натпреварот од Унгарија и Холандија, повеќе од веројатно е дека наш прв ривал во следната фаза ќе биде селекцијата на Австрија.

Според првичниот распоред објавен од ИХФ, Македонија ќе игра против Австрија во вторник во 18:00 часот, а селекторот Кирил Лазаров се надева дека нашите ракометари ќе добијат два гола предност на овој натпревар од својот „осми играч“ во Вараждин.

– Треба да бидеме задоволни од тоа што победивме, иако можеше да биде и подобро. Се виде тоа неискуство кај одредени млади ракометари за кои ова е прв или втор голем турнир. Сега ја видов статистиката и таа вели дека сме промашиле 20 шута од изградени позиции. Со ваква статистика против поквалитетен противник, сигурно е дека нема да победиме.

– Добро во целата оваа приказна е што успеавме да заштедиме и сили, ги одморивме искусните играчи како Пешевски, Митревски, па и Митев кој влегува во доста дуели и кој доста се троши. Преземавме мал ризик со младите ракометари, но ја исполнивме нашата цел и допрва не чекаат тешки битки.

– Заштедивме енергија за тоа што следи и ги оставаме зад себе натпреварите со Унгарија и Холандија за кои има за што да жалиме. Благодарност до цела македонска јавност за поддршката која ја добиваме, ни следат три нови натпревари во втората фаза и таков е ритамот на Светските првенства. Ќе анализираме утре, нема многу време за подготовка, а бидејќи голем дел од играчите се млади, ќе видиме дали ќе успеат брзо да го впијат тоа што ќе им го кажам и дали ќе успеат да го спроведат на дело. Тоа е мојата дилема, но ќе видиме што ќе се случи. Добро за нас е што тука се македонските навивачи, очекуваме да бидат наши осми играч против Австрија, а тоа се два гола предност во однос на противникот, – изјави Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни