Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров направи една промена во македонскиот тим, Вујо активираше две измени (Фото)

Објавено

на

Селекторите традиционално имаат задача да ги објават официјалните состави најмалку еден час пред почетокот на натпреварите, па така Кирил Лазаров и Веселин Вујовиќ ги избраа играчите кои денеска ќе истрчаат во Вараждин.

Македонската репрезентација ќе брка прва победа во втората фаза на ракометното Светско првенство, а доколку успееме да оствариме таков успех, ќе ги задржиме шансите за сензационален пласман во четвртфиналето.

Македонија има улога на благ фаворит според букмејкерите, но избраниците на Лазаров ќе мора да го презентираат тоа на дело попладнево со почеток од 15:30 часот.

Сосема очекувано, Лазаров немаше причина да прави поголеми промени, па во својот тим активираше само една измена од мечот со Австрија, односно на местото на Александар Петковски се враќа Томислав Јагуриновски.

Во противничкиот табор, Вујо направи две измени, односно на местото на Билал Лепеница го стави Ирхад Алихоџиќ, а го повика и Хамди Ајед на местото на Ахмад Мадади.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни