Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров направи една измена, Галевски може да дебитира на СП

Објавено

на

Македонија дефинитивно ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето на Светското првенство, но дуелот со Франција не е без значање и повеќе од јасно е дека нашите репрезентативци имаат голем мотив против една од најмоќните ракометни селекции.

Дуелот со „триколорите“ е закажан за 20:30 часот, а за истиот селекторот Кирил Лазаров се одлучи да направи една измена во тимот во однос на претходниот меч со Катар.

Имено во настап за комбинација е членот на Алкалоид, Иван Галевски кој може да дебитира на мундијалите за националниот тим. Тој ќе го заземе местото на Марко Кизиќ кој се сели на трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни