Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров направи две промени за вториот дуел со Португалија

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра и вториот дуел со Португалија во квалификациите за ЕП 2024, а селекторот Кире Лазаров реши да направи две промени во составот.

Нашата подмладена репрезентација загуби на средбата во Скопје во четвртокот, па и денеска противникот ќе ја има улогата на фаворит, а шанса ќе добијат Михаил Аларов и Михајло Младеновиќ.

Двоецот ќе ги заземе местата на Цветан Кузманоски и Марко Мишевски, кои беа дел од нашиот национален тим на првата средба.

Португалците со победа ќе го потврдат првото место во групата, кое го најавија со триумфот во Скопје со резултат 23:29, но нашите најдобри ракометари најавија борбена игра со која ќе се обидат да му се реваншираат на противникот.

Средбата се игра вечерва во 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни