Лазаров и Нант се намачија за втората победа во новата сезона

Lazarov-Benfica

Нант во чии редови настапува македонскиот капитен Кире Лазаров, ја оствари и втората победа на почетокот на сезоната во француското ракометно првенство, а на домашен терен беше совладан Данкерк со 20:19.

Лазаров и неговите соиграчи имаа многу проблеми со расположениот Данкерк кој успеа да ги сопре нападите на Нант, а во голем дел од средбата имаше и водство на ова гостување.

На крајот, Нант сепак победи со 20:19 и ги израдува своите фанови, додека Лазаров постигнал 2 погодока од 5 упатени удари. Најефикасни во неговиот тим биле Ривера со 7 и Турна со 5 голови.

Facebook Коментари