Лазаров и Нант со рутинска победа во францускиот Куп

kire-nant

Кире Лазаров и неговите соиграчи од Нант остварија лесна победа над Анжер (24:41) во шеснаесетфиналето на францускиот ракометен Куп и се најдоа меѓу патниците во осминафиналето на ова натпреварување.

Нант ја потврди разликата во квалитет и сигурниот пласман во следната рунда уште на полувремето кое го доби со 13:21, а таа предност дополнително ја зголеми во вториот дел за конечни 24:41.

ПСЖ исто така победи, но минимално против Понто со 26:28, а изненадување е поразот на Тулуз од Шербур (32:30), иако гостите играле со втор тим.

Facebook Коментари