Лазаров и Нант паднаа пред Флензбург на стартот на новата сезона во ЛШ

kire

Кире Лазаров и Нант со пораз од Флензбург од 34-31 ја отворија новата сезона во најквалитетното ракометно натпреварување Лигата на шампионите.

Францускиот прволигаш беше надигран од бундеслигашот кој беше подобар во двете полувремиња. Во првиот дел направи позитива од два погодоци (18-16), а пак во продолжението истата ја надгрди за одличен старт во групата Б.

Род со шест голови ја предводеше листата на стрелци кај победниците, а пак кај Нант исто толку даде крилото Ривера. Нашиот репрезентативец Лазаров го заврши мечот со два гола од пет обиди.

Facebook Коментари