Лазаров и Нант му одржаа лекција на Данкерк

kiro-turna

Ракометарите на Нант ја продлжија одличната резултатска серија и славеа убедливо над Данкерк со 34-15 во вечершниот натпревар од 16. коло во првата лига на Франција.

Гостите како што покажува самиот резултат беа доминатни на теренот, првиот дел го реализираа со неверојатни 16-3 за да во продолжението дополнително потврдат дека се многу поквалитетна екипа од Данкерк во оваа сезона (18-12). Ривера со 9 голови беше најрасположен играч, додека пак нашиот Лазаров беше под своето ниво и не успеа да реализира ниту еден од четирите обиди.

Сега за Нант следат три тешки натпревари, две соочувања со Магдебург во ЕХФ Купот, но и пресметка со Пари Сен Жермен во домашниот шампионат.

Facebook Коментари