Лазаров и Нант со многу борба до бод против ПСЖ

kire sut

Нант и Кире Лазаров одиграа со нерешени 27:27 против актуелниот француски првак ПСЖ во натпревар кој беше одигран вечерва во рамките на шампионатот на Франција.

Гостите од Париз го добиле првото полувреме со 15:13, но во вториот дел Нант со 14:12 успеа да стигне до важен бод во пресметката со првиот фаворит за титулата.

Лазаров постигнал 5 гола на оваа средба, а најефикасен бил пикерот Турнат со дури 8 погодоци. Голманскиот дуел Думулан-Омејер му припаднал на домашниот голман со 16:10 во однос на одбраните, а кај ПСЖ најефикасен бил Ремили со 8 голови.

По ова 12. коло, Нант има 15 бодови, додека ПСЖ освои вкупно 19 бодови кои се доволни само за третото место на табелата.

Facebook Коментари