Лазаров и Нант со голем пресврт до куп победа против Данкерк

lazarov-nant

Екипата на Нант на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров успеа да слави над Данкерк со 22-20 во вечерашниот меч од четвртфиналето на Лига Купот на Франција.

Кире и другарите лошо го одиграа првиот дел кој го завршија со негатива од пет погодоци (14-9) за да по паузата излезе сосема друга екипа на теренот. Имено гостите одиграа пред се фантастично во одбраната и му дозволија на домаќинот да даде само 6 гола, односно тие дадоа 13 што беше сосема доволно за голем пресврт и пласман во следната фаза на ова натпреварување.

Лазаров даде 3 гола од 5 обиди со што беше втор стрелец во својата екипа зад Овничек и Ривера со по 4 погодоци.

Facebook Коментари