Лазаров и Нант го загубија дербито со Шамбери

kire

Ракометарите на Нант го доживеаа првиот сезонски пораз во француското првенство и тоа во дербито против составот на Шамбери кој како гостин славеше со 33-29.

Кире Лазаров и компанија влегоа во овој дуел со перфектни „седум од седум“ и со желба оваа серија да продолжи, но вечерашниот противник ги надигра и покажа зошто во оваа кампања е еден од најдобрите тимови во Франција. Шамбери триумфот го најави уште во првото полувреме кое го реализираше во своја корист со 17-14, предност која ја сочува во продолжението иако Нант во неколку наврати се закани.

Лазаров го заврши дербито со скромен учинок од три голови од шест обиди, најефикасен беше неговиот клупски колега Ривера со 11 погодоци.

Facebook Коментари