Лазаров и Нант го загубија дербито со ПСЖ во Франција

kire klupa

Кире Лазаров и Нант доживеаа пораз од Пари Сен Жермен со 31-29 во дербито на колото во францускиот шампионат.

Светците од Париз беа подобри и го диктираа темпото во поголемиот дел од натпреварот и дојдоа до многу значаен триумф со кој ја продолжуваат трката со Монпелје за титулата.

Хансен со 8 голови и Омејер со 11 одбрани беа најдобри кај ПСЖ, а пак кај гостите Клер и Николас постигнаа 6 голови, додека нашиот Кире даде 4 голови од 6 обиди.

Нант со 28 бодови е на третото место, во следната рунда е домаќин на Трембле.

Facebook Коментари