Лазаров и Нант добија лекција од Тулуз

kire-nant

Нант на нашиот Кире Лазаров доби вистинска лекција од Тулуз на денешниот натпревар од седмото коло во првата лига на Франција.

Домашниот состав важеше за голем фаворит на хартија, ама сосема поинаква беше сликата на теренот каде Тулуз одигра квалитетно и го надигра противникот низ 60 минути. Во првиот дел гостите направија предност од 5 гола (18-13), позитива која продолжи да расте и во продолжението (16-13) за конечни на крјаот плус осум (34-26).

Лазаров имаше лоша партија и реализираше само еден од неговите седум обиди. Турна со седум гола бил прв стрелец кај Нант.

Во следната рунда Кире и компанија му гостуваат на Ним.

Facebook Коментари