Лазаров и Нант без одговор за Раул и ПСЖ

nant

Составот на Нант доживеа пораз од Пари Сен Жермен од 32-29 на вечерашното гостување во рамките на второто коло во првата француска лига.

Кире Лазаров и соиграчите едноставно немаа решение за „светците“ кои беа подобри во двете полувремиња (18-16, 14-13) и сосема заслужено додадоа два нов бода. Во тимот предводен од поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес најефикасен беше Хансен со девет голови, додека крилото Сигурдсон даде седум погодоци.

Нашиот Лазаров го заврши овој дуел со четири постигнати голови.

Facebook Коментари