Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: На сите играчи им симнувам капа, важно е…

Објавено

на

Алкалоид ја продолжи серијата на одлични резултати и го суреди шампионот Еурофарм Пелистер во дерби средбата во домашниот шампионат.

Клубот од Автокоманда одлично функционираше низ сите 60 минути и славеше со 32-25 со што го задржа 100. процентниот учинок во домашниот резултат.

Шампионот на колена во Автокоманда, Алкалоид останува перфектен во Суперлигата

Од издание е задоволен тренерот Кире Лазаров кој им симна капа на играчите.

-Вистинско дерби, одигравме многу квалитетно, ова е можеби една од нашите најдобри партии. Еурофарм Пелистер, беше под своите можности, не знам дали можеби и ние придонесовме за тоа или се малку уморни од натпреварите во Лигата на шампионите. Јас сум го играл ова и знам дека не е лесно, да се игра ваков натпревар, а веќе со мислите да си и на дуелот со Веспрем. Ние имаме максимална почит кон нив, нивниот цел тим.

-Среќни сме и задоволни, реков уште по натпреварот со Клаипеда, задоволен сум од тоа како функционираме. Некој ја чувствува и вреднува таа победа, некој не, но јас почувствував дека тоа е тоа. Се одморивме, се потспремивме за ден – ден и пол.
На сите играчи им симнувам капа, на сите како тим. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, важно е да функционираме како тим. И засега е така и се надевам дека ќе продолжиме така, -порача Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни