Репрезентација
Лазаров му се поклони на Мукаетов и се огласи за својата иднина како селектор: Јас си имам своја визија, ќе треба да размислиме

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Кирил Лазаров направи прогрес со новата генерација македонски ракометари и веќе е евидентно дека младите играчи го фатија вистинскиот пат, но во иднина нашата репрезентација ќе остане без поддршката од човекот кој со години се залагаше за доброто на ракометот.
Живко Мукаетов го одработи последното големо првенство како претседател на ракометната Федерација откако претходно го најави своето повлекување, па сега останува да видиме кој човек ќе го наследи и какви ќе бидат плановите на новата гарнитура.
Ова носи многу непознати и за луѓето кои се важен и составен дел од актуелниот тим, вклучувајќи го и Кирил Лазаров кој во блиска иднина ќе треба да одработи состаноци со новите луѓе кои ќе го водат македонскиот ракомет.
По крајот на натпреварот со Франција, македонскиот селектор не пропушти шанса да искаже благодарност за сето она што го направи Мукаетов низ годините, но се огласи и за својата иднина како лидер на тимот од клупата.
– За господинот Мукаетов имам само пофални зборови, ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за се што направи за нас. За поддршката во добри и лоши моменти, а верувајте имаше лоши во кои заеднички издржавме. Не издржавме за себе, издржавме за доброто на македонскиот ракомет. Искажувам голема благодарност до човекот кој го сака овој спорт, кој од срце се бореше за репрезентацијата. Поразите во овој спорт можат да ве убијат, но тој не се предаде ниту еднаш во сите овие години.
– Беше тука во успеси и неуспеси и верувајте дека таков човек ќе му недостасува на македонскиот ракомет. Сакам јавно да му се заблагодарам, тој ми беше најголема поддршка во сите тешки моменти. Заедно успеавме да изградиме нова генерација, која сега гледаме дека со тек на време ќе биде се подобра и подобра и ќе може да го следи ритамот на најдобрите светски селекции.
– Мојата иднина? За тоа ќе треба да видиме, ќе треба да размислиме без брзање. Да ги оладиме главите и да видиме што ќе се случува. Да видиме како новите луѓе во Федерацијата ќе го испланираат својот проект. Јас си имам своја визија и своја стратегија, доколку тие се заинтересирани, јас ќе го кажам своето мислење. Јас сум секогаш отворен, секогаш сум бил тука за Македонија и секогаш ќе бидам тука, без разлика на улогата. Македонија секогаш ќе ја има мојата помош, останува да видиме во каква улога. Сум покажал дека секогаш сум тука кога треба, а тоа го правам повеќе од две децении. Нема да брзаме, да ги собереме впечатоците, да видиме што ќе се случува и да донесеме заедничка одлука. Без разлика кој ќе биде прв човек на Федерацијата, треба заедно да се стремиме да го одржиме спортот број еден во нашата земја. Спортот може да обедини, но ракометот најмногу во нашата земја, – изјави Лазаров.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)