Светски првенства
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Кирил Лазаров даде први импресии од одиграниот натпревар против Гвинеја веднаш по последниот судиски свиреж, но подоцна по одработената прес-конференција, македонскиот селектор поопширно говореше за очекувањата од втората фаза на Светското првенство пред низа македонски новинари.
Селекторот на најдобриот национален тим останува задоволен од прикажаното во првиот круг на мундијалот кој нашите го играат во Вараждин, па иако има и за што да жалиме од првите два натпревари, впечатокот останува позитивен со три освоени бода на три средби.
– Се пласиравме во втората фаза, сега не чека возбудлив период од стартот на наредната недела и мораме да бидеме перфектни и добри од самиот почеток. Прво играме против Австрија, а за да очекуваме нешто повеќе од нас, ќе мора да поработиме на реализацијата.
– Треба реализаторски да бидеме поумешни, бидејќи во еден посериозен натпревар, со реализација како оваа денеска нема да поминеме добро. Сепак, момците се свесни за тоа и сигурни сме дека ќе бидеме реализаторски подобри на следниот натпревар. Стекнавме искуство како група, а мислам дека и добро ги менаџираме силите со стручниот штаб.
– Денеска ги сочувавме и Митревск и Марковски, Пешевски, Митерв, Лазаревски и Велковски, а успеавме да триумфираме со речиси десет разлика. Митев има ситна повреда, денеска не можеше да игра, но очекуваме да биде 80 проценти подготвен и да излезе на терен против Австрија, – изјави Лазаров, кој го прокоментира и дуелот кој ќе го има со Веселин Вујовиќ кој е селектор на Катар.
– Вујо е интересе за нас, за навивачите и за сите во Македонија. Тој има добро минато во нашата земја, но станува збор за голем џентлмен кој знае како да се однесува. Вујовиќ е интересен за медиумите и јавноста, но сигурен сум дека ќе биде коректен. На крајот, нека победи тој што ќе биде подобар, – додаде селекторот.
-
НБА7 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони24 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија8 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија23 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија9 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија7 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија22 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Лига на шампиони9 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)