Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија одигра второ реми на Светското првенство, денеска во Вараджин, во првиот настап во главната мундијалска фаза, во дуел со драматичен финиш одигравме нерешено со селекцијата на Австрија.

Селекторот Кире Лазаров по натпреварот истакна дека е задоволен од прикажаната игра, против одлично подготвена селекција како Австрија.

– Можеме да бидеме задоволни затоа што постигнавме гол, а можеме да бидеме и незадоволни затоа што претходно имавме пенал за водство. Ако го дадевме тој гол сигурно ќе имавме мала психолошка предност.

– Таков е спортот, таков е ракометот, некако не нè прати среќата. Велат среќата се заслужува, па веројатно ние се уште не сме ја заслужиле и ќе очекуваме да ни помогне во некоја друга ситуација.

– Горд сум на момците, покажаа дека знаат да играат на ваков егал натпревар, не беше воопшто лесно против една „досадна“ Австрија, која знае што сака во секој напад и одбрана и е одлично подготвена од селекторот Пајовиќ.

– Не паднавме психолошки, бевме прецизни, но дефанзивно не знаевме да одговориме на играта 7 на 6. Искрено, очекував малку подобар настап и од голманите, иако и тие имаа добри настапи на одредени натпревари. Денеска и Митревски играше со температура, – изјави Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни