Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Многумина не отпишаа, но Македонија ќе биде конкурентна за медал

Објавено

на

Кирил Лазаров и во наредната година ќе го гледаме во активна улога на терените, но во исто време тој ќе биде и наш лидер, селектор во македонската репрезентација која постојано ја очекуваат нови предизвици.

Лазаров ја прифати одговорноста и го презема националниот тим по лошото наше издание на мундијалот на почетокот на оваа календарска година, првенство кое го завршивме на 23 позиција. Кире го прифати повикот и пред него е тешка задача, ама тој верува дека со макотрпена и постојано работа ќе може да се направи нова генерација која ќе може да го држи македонскиот ракомет на високо ниво.

-Подолго време се подготвував за тренерска кариера. Нашата репрезентација во моментов е во фаза на транзиција, промена на генерациите. Ме чека доста работа – целта е да се создаде оваа нова генерација за да мојата земја биде мирна во наредните десет до петнаесет години.

-Предизвик е да се обидеме да направиме квалитетен производ за кој ќе се слушне во Европа и во светот. Немаме премногу материјал, но веруваме дека можеме и вака – многумина одамна не отпишаа говорејќи дека по мојата генерација нема да има ракомет во Македонија. Ние сакаме да им покажеме на сите дека не се во право, -вели Кире за „Спортклуб“.

Членот на Нант притоа е оптимист и смета дека Македонија во иднина ќе има квалитет да освои медал на големите натпреварувања.

-Да! Ќе бидеме многу конкурентни, дефинитивно сонуваме за полуфинале и медал. Можеби ќе потребно време сè да легне, но ако не верував не би го прифатил овој тежок предизвик во време кога сите се откажаа и ги „закопаа“ и играчите и репрезентацијата, -порача Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни