Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров ја посочи големата цел која ја има како селектор: Македонската публика не може да се излаже!

Објавено

на

blank

Кирил Лазаров за првпат ги собра ракометарите и го одржа првиот брифинг со новинарите како нов селектор на македонската ракометна репрезентација, улога која неповторливиот капитен во почетокот ќе ја извршува напоредно како играч во првиот тим.

„Бомбардерот“ на Нант има за цел да и помогне на селекцијата најмалку уште една година, а истите калкулации одат и за повратникот во селекцијата, Филип Миркуловски.

– Ако зборувам искрено за себе, најсреќен би бил ако не играм, да се гради тим од младите играчи. Сепак, со оглед на нашите краткорочни цели, мора да се проценува кога ќе бидам на теренот, а кога не. Подготвен сум за двете функции, подготвен сум поради тоа што во изминатите десетина години на некој начин беве десна рака кај сите селектори.

– Што се однесува до Филип Миркуловски, се надевам дека нема да престане со активното играње ракомет оваа година и желба е ние со него да се пласираме на Европското првенство. Се надеваме дека ќе играме на Европско првенство, Миркуловски заслужува да се прости на голем настан, на големо натпреварување. Ќе направиме се за да се случи тоа, – изјави Лазаров во пресрет на двата квалификациски натпревари со Данска.

Првиот го играме во Скопје наредниот четврток (11-ти марти), а три дена подоцна играме во Алборг. Македонската селекција ќе биде комплетна со интернационалците дури во понеделник, а Лазаров соопшти дека Кукуловски и Мишевски отпаднале поради позитивни тестови на Ковид 19.

– За мене ова претставува деби како селектор на репрезентацијата, предизвикот е огромен, но фокусот не треба да биде на мене. Играме против двократниот светски и олимписки шампион. Сакаме да се прикажеме во ново лице против Данците, мојата цел е да гледаме една модерна Македонија на теренот. Знаеме кои се недостатоците во тимот и мора да се искоренат, нашата публика не може да се излаже. Промената на генерации ќе дојде и доаѓа, но мора да го запазиме континуитетот на големите натпреварувања, – нагласи Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни