Поврзете се со нас

Свет

Лазаров ја наполни мрежата на Ним, Нант ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Нант и Кирил Лазаров ја продолжија победничката серија во првата лига на Франција, а најновата жртва беше тимот на Ним кој беше преслушан на негов терен со 34-26.

Гостите му дозволија на Ним да даде по 13 голови во двете полувремиња, но во исто време беа поефикасни од него и на крајот забележаа славје од осум разлика. Прв стрелец кај победникот беше нашиот репрезентативец, капитен и воедно селектор Кире Лазаров со постигнати девет голови со тоа што сите беа дадени од линијата од седум метри без промашување (9/9).

Кога е во прашање противникот таму Мохамад беше автор на 10 погодоци.

Ова за Нант беше седма победа во низа во шампионатот и со вкупно 19 бода е на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни