Лазаров испорача „петка“, но Нант го плати скапо послабото второ полувреме

lazarov sut

Нант водеше со 12:15 на гостувањето кај Ним од француското ракометно првенство, но на крајот доживеа минимален пораз (26:25) од еден од тимовите кој сезонава ќе му биде ривал за пласман во европските купови на тимот на нашиот Кире Лазаров.

Токму Лазаров беше еден од играчите со најмногу голови на теренот, постигна 5 во мрежата на Ним, но тоа не беше доволно за позитивен резултат. Ривера со 7 и Мине со 6 беа единствените поефикасни од нашиот репрезентативец, додека кај победникот Ним доминираа Гигу и Пранди со по 6 голови.

Голманите на двете екипи имаа по вкупно осум одбрани, што е уште еден показател дека нијанси го решаваа победникот, а вечерва тоа беше екипата на Ним, која се израмни со Нант по бројот на освоени бодови во францускиот шампионат.

Facebook Коментари