Поврзете се со нас

Свет

Лазаров испорача „десетка“, но Нант загуби со гол во последната секунда

Објавено

на

Нант вечерва загуби од Лимож во драматична завршница (32:31), разочарувачки резултат и за нашиот Кире Лазаров кој имаше одлична вечер со 10 реализирани голови.

Нант водеше минимално на полувреме на ова незгодно гостување (14:15), но Лимож не само што не се предаде, туку во завршницата се снајде подобро од попознатиот противник.

Натпреварот од француското првенство им припадна на домаќините, кои славеа со голот на Мик Бразилер постигнат во последната секунда.

Поразот на Нант ќе го засени одличното издание на Лазаров, кој постигна по 5 голови од игра и од пенал и беше најдобар реализатор на теренот, а најблиску до него беше Овничек со 5 голови.

Херојот на домаќините, алжирскиот репрезентативец Бразилер бил најефикан кај Лимож со 9 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни