Лазаров имаше клучна асистенција за победа на Нант

kire

Составот на Нант на нашиот Кире Лазаров ја прокнижи четвртата победа во низа францускиот шампионат и тоа во пресметката со Екс која ја реализираше пред своите гледачи со 25-24.

Како што кажува самиот резултат, дуелот беше неизвесен до последната минута, последниот момент, а во целата таа ситуација подобро се снајдоа домаќините кои и беа големи фаворити на оваа пресметка. Клучниот гол за победа падна на 65 секунди до крајот (58:55) и за истиот свој удел имаше Лазаров кој беше асистент.

Тоа за него беше прва асистенција на средбата, но во многу важен момент. Кире зад своето име додаде и два погодоци, ама со слаба реализација со оглед на тоа што му беа потребни осум обид.

Нант со 18 бода е на третото место на прволигашката табела.

Facebook Коментари