Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант во победничка серија во Франција

Објавено

на

Нант на Кирил Лазаров влезе во победничка серија во првата лига на Франција, а најновиот успех е против Трембле кого го совладаа на негов терен со 35-22.

Ова за составот на Нант беше четврти триумф во низа во Лидл Старлигата, а до истиот стигна откако двете полувремиња ги реши на убедлив начин. Првите 30 минути ги доби со 19-12, предност која продолжи да ја зголемува во продолжението (16-10) за конечни на крајот плус 13.

Лазаров беше максимално ефикасен, даде два гола од два обида. Најефикасен беше шпанскиот интернационалец Ривера со 8 погодоци.

Нант со 35 бода е на третата позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни