Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант со победа со пресврт го најавија дербито против ПСЖ

Објавено

на

Кире Лазаров и Нант во одлична атмосфера ќе го дочекаат дербито со Пари Сен Жермен во првата лига на Франција.

Имено Нант се избори за триумф во заостанатиот меч од 9. коло против Ст. Рафаел (28-26) што секако е повеќе од добра вест пред битката со „светците“ закажана за 25 април.

До овој резултат Кире и компанија дојдоа со многу подобра игра во второто полувреме, период кој го реализираа со 18-13 што беше доволно да ја избришат негативата од првите 30 минути и дојдат до посакуваните два бода.

Нашиот репрезентативец, капитен и селектор Лазаров беше прв стрелец со 4 гола или поточно беше дел од групата на играчи со волку постигнати погодоци заедно со Пешмалбек, Ривера, Мине и Монар.

Нант со 31 бод се наоѓа на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни