Лига на шампиони
Лазаров и Нант сериозно ја предизвикаа Барселона, но претрпеа минимален пораз

Кирил Лазаров и неговите соиграчи од Нант сериозно ја предизвикаа моќната Барселона, а мора да се напомене дека вистинска штета е што немаа сили во зваршницата, во која дозволија пресврт и минимална победа на фаворитот во натпреварот од Лигата на шампионите.
Францускиот претставник ја диктираше играта во првото полувреме и речиси цело време одржување предност од три гола, па на стартот на вториот дел, стигна и до четири позитива и со тоа јасно стави до знаење дека ќе биде цврст орев.
Воведот од вториот дел беше добра најава дека Нант ќе може да изрежира големо изненадување, но како што одминуваа минутите, така Барселона се враќаше во игра и ја стопи негативата.
По погодокот за 22:21, Барса влезе во предност и одржуваше позитива од „плус два“, а во последната минута Нант постигна гол и ги постави конечните 30:29.
Кире Лазаров постигна три гола во пресметката со својот поранешен тим, најпрецизен во Нант беше Ривера со девет погодоци, додека кај Барса три играчи постигнаа по пет гола, Арињо, Гомеш и Дика Мем.

- Италијапред 22 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 23 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 24 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 21 час
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва
- Англијапред 20 часа
Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб