Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров и Нант се израдуваа на првата домашна победа во Лига Европа

Објавено

на

Нант на нашиот Кире Лазаров ја забележа првата домашна победа во Лига Европа.

Францускиот претставник минатото коло беше изненаден од Лемго, но сега не дозволи да се повтори истата приказно и ја доби пресметката со ГОГ од Данска со 27-24.

Како пресудно се покажа првото полувреме во кое Лазаров и компанија беа подобри за три гола (11-8), позитива која знаеја како да ја одржат, зголемат во вториот дел за да на крајот гостите се вратат на минус три.

Мине со шест гола беше прв стрелец кај победникот, додека кај ГОГ најмногу се истакна Толбринг со девет реализации.

Македонскиот репрезентативец, капитен и селектор Лазаров овој меч го заврши со четири гола од девет обиди.

Нант во групата Б има учинок 2-1, во следното коло гостува во Русија кај Чеховски Медведи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни