Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров и Нант по вторпат загубија од Мотор

Објавено

на

Нант на Кире Лазаров е во криза и за тоа говорат четирите порази во низа со тоа што последниот дојде попладнево во Украина од Мотор Запрожје во Лигата на шампионите.

Францускиот преставник како и на првата средба со Мотор загуби минимално со еден гол разлика. Во Франција беше 32-31, додека денеска конечниот резултат беше 29-28.

Кире и компанија можат да жалат што не остварија позитивен резултат со оглед на тоа што во второт дел во неколку наврати водеа со три гола разлика, но домаќинот секогаш наоѓаше начин да се врати направи и серија од 4-0 која се покажа како клучна за освојување на целиот плен и продолжување на победничката низа во ЛШ.

Лазаров беше автор на три гола од седум обиди, Мине со 8 погодоци беше најефикасен негов соиграч. Кај Мотор, Бокхан даде девет голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни