Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров и Нант по втор пат загубија во Келн, ПСЖ ја освои бронзата во ЛШ

Објавено

на

Нант на Кирил Лазаров го загубија и вториот меч на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите.

Во текот на вчерашниот ден Нант беше надигра од Барселона, додека пак денеска во битката за бронзата доживеа пораз од ривалот од Франција, тимот на Пари Сен Жермен со 31-28. „Светците“ добро го одработија првиот дел и се изборија за позитива од четири голови (17-13).

Нант одговори по паузата и успеа во 48 минута целосно да се врати во игра и тоа со голот на Лазаров (24-24). Меѓутоа избраниците на Раул Гонзалес одново одговорија, ја преземаа контролата на играта, резултатот и на крајот го освоија третото место или бронзата за оваа кампања во елитната конкуренција.

Соле со 5 гола беше прв стрелец кај Шпанија, Мине исто толку даде за Нант, додека Лазаров беше автор на еден гол од три обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни