Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров и Нант обезбедија уште едно учество на Ф4 турнирот во Келн

Објавено

на

Кире Лазаров и Нант ја одбранија предноста од четири голови од првата средба на реваншот со Веспрем и Дејан Манасков, па и покрај поразот (32:30) обезбедија пласман на уште едно издание на фајнл-фор турнирот на ракометната Лига на шампиони.

Покрај одличниот резултат од првата средба, Нант вечерва одигра храбро на гостувањето во Унгарија, каде ракометарите на Веспрем имаа поддршка и од голем број свои навивачи, па го контролираше резултатот во најголем дел од средбата.

Во завршницата Веспрем дојде неколку пати до плус три, но не можеше да стигне од позитивата од пет голови, која им беше потребна на домаќините поради помалиот број постигнати голови на гостински терен.

За Нант ова ќе биде второ учество на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите во Келн.

Лазаров одигра важна улога во клучните моменти и го заврши натпреварот со 4 голови, додека најефикасен во францускиот тим беше Балагер со 6 голови.

Манасков постигна 2 гола од исто толку обиди, додека во Веспрем најефикасен беше Ненадиќ со 7 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни