Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров и Нант немаа одговор за Барселона

Објавено

на

blank

Кире Лазаров и Нант минатото коло успеаа да направат големо изненадување и да слават над Кил во Лигата на шампионите, но вечерва не успеаа да шокираат уште еден фаворит за самиот трон, составот на Барселона кој им одржа лекција на нивен терен.

Каталонците се изборија за славје од 35-27 и тоа откако беа подобри во двете полувремиња, првите 30 минути ги реализираа со 18-15, додека пак вториот дел со 17-12 со што ја продолжија одлична серија на резултати, поточно им се приклучија на Веспрем и Алборг кои имаат три од три.

Лазаров дуелот против својата поранешна екипа го заврши со четири голови од девет обиди. Најдобар стрелец беше францускиот репрезентативец Мем со 7 голови.

Нант во наредната рунда му гостува на Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни