Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров и Нант ќе мора да прават уште едно огромно изненадување во обидот да стигнат до финале во ЛШ

Објавено

на

Кирил Лазаров ја освои титулата во Лигата на шампионите како играч на Барселона, а сега токму каталонскиот гигант стои на неговиот пат до ново финале во најелитното натпреварување.

Македонскиот капитен се претвори во симбол на Ф4 турнирите и стана нераскинлив дел од завршните случувања во Лигата на шампионите, па откако тој и неговите соиграчи го шокираа фаворизираниот Веспрем во четвртфиналето, сега ќе мора да направат уште поголемо изненадување.

Барселона е еден од главните фаворити за титулата во Келн, а македонскиот капитен кој од неодамна е и селектор, ќе мора да мине против својот поранешен клуб за да стигне до финалето.

Денешната ждрепка за Ф4 турнирот посака Нант да игра против шпанскиот првак, а во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат ПСЖ на Раул Гонзалес и Алборг.

Полуфиналињата се играат во „Ланксес арената“ на 12-ти јуни, а еден ден подоцна е големото финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни