Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант ја прекинаа неверојатната серија на Раул и ПСЖ

Објавено

на

Нант успеа да го победи ПСЖ (24:25) во дербито на француската ракометна лига, а тимот на нашиот капитен и селектор Кире Лазаров беше поуспешен од шампионот на гостински терен.

Избраниците на Раул Гонзалес немаа пораз 43 натпревари и забележаа 22 победи по ред од почетокот на сезоната во првенството, но денеска Нант успеа да ги освои бодовите во дербито.

Нант на полувреме водеше минимално 12:13, доминираше во вториот дел водејќи со поголема разлика, а Лазаров стави точка на средбата во 56. минута кога Нант поведе со 21:25.

Лазаров го заврши натпреварот со 4 голови и заедно со Мине и Балагер беа најефикасни во гостинската екипа.

Стајнс и Шипшак со 4 голови беа најдобри реализатори во редовите на ПСЖ, кој и покрај поразот останува на првото место на табелата со голема предност во однос на ривалите. Нант е на третата позиција, со 5 бодови повеќе од Ним кој следува на четвртото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни