Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант го положија последниот испит пред битката со Веспрем

Објавено

на

Нант на Кирил Лазаров оствари победа над Шамбери од 30-24 во последниот тест, генерална проба пред четвртфиналната пресметка против Веспрем во Лигата на шампионите.

Фаворитот одигра лошо прво полувреме и истото противникот го реши со 12-10, но во продолжението работите си дојдоа на свое место, Нант одигра многу подобро во нападот (20-12) и притоа направи пресврт за 17 сезонски триумф во францускиот шампионат.

Лазаров даде два гола, Ривера со девет беше најпрецизен, но воедно треба да се потенцира и квалитетната партија на голманот Нилсен со 18 одбрани.

Нант со 37 бода е на 3 позиција во Лидл Старлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни