Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и компанија се разбудија во второто полувреме, Нант ја забележа првата победа

Објавено

на

Тимот на Нант ја забележа првата сезонска победа во првата француска лига и тоа на гостувањето кај Данкерк (25-21).

Гостите иако важеа за фаворити многу лошо во првиот дел и тоа како во одбраната така и во нападот, па тоа го искористи противникот за да замине на пауза со плус четири (13-9). Ситуацијата се промени во второто полувреме во кое како да излезе сосема поинаква екипа на Нант, состав кој знае што сака и е максимално организиран во двата правци.

Тоа донесе резултат, па избраниците на Алберто Ентрериос сосема заслужено ги забележаа првите два бода во оваа кампања.

Лазаров беше автор на три гола од четири обиди, Ривера и Баптист дадоа по 4 погодоци, додека голманот Нилсен имаше 16 обрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни