Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров и Алкалоид дебитираа со 43 гола во Суперлигата, рутинска победа на Вардар

Објавено

на

Новиот суперлигаш во македонската ракометна елита започна на најпосакуван можен начин, славејќи на гостински терен во Прилеп во натпревар во кој главна цел беше да се напаѓа противничкиот гол.

РК Алкалоид ја оствари својата прва победа во историјата во Супер лигата на дебито во најсилната конкуренција, а мечот на гостувањето ќе се памети по тоа што беа постигнати неверојатни 73 гола.

Ултра офанзивен ракомет негуваа и двата тима на паркетот, но далеку поуспешен беше тимот предводен од македонскиот селектор, Кирил Лазаров, кој ја запиша првата победа како тренер на клупски план.

Алкалоид победи со 43:30 и покажа дека располага со добра офанзивен арсенал, а посебно денеска се истакна Серафимов со осум погодоци, као и Илиески кој постигна шест.

Во Суперлигата денеска се играа натпревари на уште два терени, оној во Скопје каде Бутел тесно славеше над Охрид со 24:23, како и оној во тиквешијата каде РК Вардар 1961 немаше проблем против Вардар Неготино (25:39).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни