Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го скрати списокот за Медитеранските игри, Талески нема да игра во Оран (ФОТО)

Објавено

на

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот за Медитерански игри во Алжир.

На првичниот список беа 26 имиња, а на најновата листа имаме 22 ракометари или поточно најважниот ас кој е изоставен и ќе добие одмор е Филип Талески.

Отпаднаа уште голманот Иван Галевски и крилата Мартин Поповски и Дарко Кондов.

Лидер на оваа група ќе биде Дејан Манасков, но тука се и Томовски, Мишевски, Костески…
Медитеранските игри ќе се одржат во Оран во период од 25 јуни до 5 јули.

Собирот е закажан на ден 13.06.2022 со почеток во 12.30 часот во Хотел Карпош во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни