Лазаров го победи Ристовски во „македонското дерби“

Lazarov-Benfica

Кире Лазаров и екипата на Нант беа поуспешни на денешниот пријателски натпревар против Бенфика кој заврши со резултат 29:31.

Актуелниот европски вицешампион на полувреме водел со 17:14, за слична предност да одржи до крајот на средбата која беше добар тест за двете страни и им овозможи на тренерите да почнат да ги подготвуваат своите екипи за претстојната сезона.

Борко Ристовски го започна натпреварот на голот на Бенфика, додека Лазаров бил меѓу најдобрите реализатори со 4 постигнати погодоци во мрежата на португалскиот ривал.

Facebook Коментари