Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го одреди составот кој ќе и се спротивстави на Словенија (Фото)

Објавено

на

Македонија има половичен учинок по две одиграни кола во квалификациите за Европското првенство, па затоа двомечот против Словенија во краток временски интервал е многу важен за нашите ракометари.

По одличното издание на Светското првенство, самодовербата кај играчите е на далеку повисоко ниво, а тоа ги натера репрезентативците да бидат големи оптимисти пред денешната пресметка со Словенија во Скопје.

Словенците пристигнаа во македонската престолнина со многу проблеми и голем број отсуства, нешто што треба да биде дополнителен сигнал за одлична претстава и посакуван епилог за „црвено-жолтите“.

На неколку часа пред натпревар кој се игра вечерва во „Борис Трајковски“ (20:00 часот) селекторот Кирил Лазаров го одреди и конечниот состав кој вечерва ќе и се спротивстави на Словенија, а од тимот отпаднаа Иван Галевски, дефанзивецот Никола Маркоски, левиот бек Дамјан Митев и десното крило Александар Петковски.

Македонија запиша победа против Естонија и претрпе пораз од Литванија во првите две кола, па вечерва ќе брка втор триумф на домашен терен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни