Поврзете се со нас

Свет

Лазаров го одигра последниот танц во салата на Нант и заврши перфектно против Тулуз

Објавено

на

Кирил Лазаров го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант која вечерва за последен пат му се радуваше на македонскиот ракометен виртуоз.

Нант уште во претходната рунда го осигура второто место во француската Прва лига, но вечерва во последното коло одигра максимално професионално и со победа спушти завеса на сезоната во домашното првенство.

Нант беше пресилен за Тулуз и славеше со 32:18, натпревар на кој Лазаров се одјави со перфектно издание пред навивачите на домашниот тим.

Македонскиот беше перфектен и постигна три гола од три обида, што се надеваме дека е добра најава за она што следи, односно последниот меч во кариерата.

Пред Нант е финалето во Купот на Франција, па секако дека би било уште попосебно доколку Кире се одјави со победа и освоен трофеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни