Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го објави списокот за двете квалификациски битки со Данска (ФОТО)

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец и воедно селектор, Кирил Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за квалификациските мартовски битки против Данска за пласман на Европското првенство во 2022 година.

На првата поширока листа имаше 35 играчи, но сега истата е скратена и на списокот се 23 играчи. Тука се крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не играа на СП во Египет, но тука се и неколку играчи од Пролет и Голден Арт КЛ7 како Михаил Аларов, Емилијан Ѓорговски и Игор Ѓоргиев.

Собирот е закажан за 6 март во хотелот Александар Палас во Скопје. Дуелите пак со Данска се играат на 11 март во Скопје (20:00 часот) и 14 во Алборг (16:00).

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни