Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари и го откри својот стручен штаб: Еден повратник во репрезентацијата

Објавено

на

blank

Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров  го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска.

На 11 март е закажан првиот натпревар со Данците и тој ќе се игра во „Борис Трајковски“ во Скопје, додека возвратниот натпревар ќе се игра три дена подоцна во Алборг.

Лазаров освен списокот на повикани репрезентативци ги објави и имињата на помошниците во новата авантура. Од клупата како тренер-играч ќе му помага Филип Миркуловски, а како помошници ќе бидат и Бранче Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска.

Кире склопи добро познат тим со кој ќе треба да го врати македонскиот репрезентативен ракомет каде што му е местото, во самиот врв во ракометна Европа.

И Кире, слично како и Миркуловски на натпреварите притв Данска ќе ја има улогата на селектор-играч.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни